• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

ЕЛЕМ продаде нови вишоци електрична енергија за 2.079.000 евра

ЕЛЕМ продаде нови вишоци електрична енергија за 2.079.000 евра

Скопје, 6 јули 2018 (МИА) - АД ЕЛЕМ на 4 јули годинава четврти пат на аукција продаде вишоци на електрична енергија. Се продадоа 35.400 мегават часови во износ од 2.079.000 евра. Просечната цена што ја постигнавме на оваа акукција беше 58,73 eвра за мегават час. Ова денеска го изјави директорот за производство на АД ЕЛЕМ, Благојче Трповски.

- Продажбата беше поделена на два лота. Во првиот лот се продаваше електрична енергија за август, се работи за дневна електрична енергија од 8 до 20 часот само во работните денови. За тој дел почетната цена на аукцијата беше околу 62 евра, учествуваа седум компании на наддавањето и како конечно се постигна највиска цена од 65 евра за мегават час, рече Трповски. 

Тој информира дека во вториот лот се продавала електрична енергија како базна за септември, немало многу наддавања и постигнале едно евро над почетната цена на аукцијата или електричната енергија се продала за 54,85 eвра за мегават час. 

На четирите аукции на кои АД ЕЛЕМ спроведе продажба на  електрична енергија од почетокот на годинава продадени се 205.560 мегават часа и вкупниот приход на компанијата е 10.799.558 евра. 

- Изминатите неколку години или немаше продажба на електрична енергија или беше многу мала продажбата, почесто имаше набавка. Ова го сметаме за успех на ова раководство во компанијата, посочи  Трповски и најави дека планираат да продолжат со ова темпо и оти годинава имаат планирано можни продажби на електрична енергија. мд/скс/12:24

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...