Бензините поскапуваат за денар, дизелот за половина денар

Бензините поскапуваат за денар, дизелот за половина денар

Скопје, 9 јули 2018 (МИА)  - Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за денар, а на дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 72 денари, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 74 денари. Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари за литар.

Се зголемува и цената на мазутот и таа ќе изнесува 34,711 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 75,88 долари за барел и е повисока за 2,78 проценти, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52,60 денари и е за 0,21 процент понизок.скс/13:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...