• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Над 150 деца дел од едукативниот настан „Денот на Тесла“

Над 150 деца дел од едукативниот настан „Денот на Тесла“

Скопје, 10 јули 2018 (МИА) - Над 150 деца денеска беа дел од едукативниот настан што се одржа во изложбениот центар „Матка“ на ЕВН Македонија, а со кој беа одбележани 162 години од раѓањето на Никола Тесла. 

Во рамки на „Денот на Тесла“ беше изведена претставата „Гига Мега Бајка“ од страна на Театарот за деца и младинци од Скопје, а се одржаа и креативна работилница за пишување, сликарска работилница и предавање за тема „Моќта на електрицитетот“. Во рамки на одбележувањето беше прикажан и документарниот филм „Тесла ја користи моќта на Нијагарините водопади“.

работилница никола тесла

Учесниците имаа можност да изведат експерименти базирани на најважните пронајдоци на Тесла: радиопренос, безжичен пренос на енергија и високофреквентна наизменична струја, а помладите учесници изработуваа макети од лего коцки во духот на Тесла.

- „Денот на Тесла“ е само пример за тоа како преку современи и интерактивни образовни методи, светот на енергијата и иновациите можат да се приближат на најмладите“, велат од ЕВН Македонија. 

Учеството на едукативниот настан беше бесплатно, а од страна на ЕВН Македонија беше организиран бесплатен превоз до Изложбениот центар Матка. Дел од „Денот на Тесла“ беа и децата од СОС Детското село. Покрај нив, на настанот учествуваа и децата од градинките „Сумнал“ и „Грин хаус“ од Скопје. 

Изложбениот центар „Матка“, е сместен во зградата на старата хидроцентрала во Матка која датира од 1938 година. Центарот работи секој ден, освен понеделник, од 10 до 15 часот и во него има околу 30 интерактивни експонати и специјализирани водичи за тури на македонски, албански и на англиски јазик. Досега, Матка ја посетија над 10.000 посетители. бак/скс/15:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...