• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Планирано исклучување на Блок 2 во РЕК Битола поради редовен ремонт

Планирано исклучување на Блок 2 во РЕК Битола поради редовен ремонт

Скопје, 17 јули 2018 (МИА) - РЕК Битола во текот на денов ќе изврши планирано исклучување на Блок 2 и ќе почнат подготовките за редовниот годишен ремонт, предвиден за 25. месецов, соопшти денеска АД ЕЛЕМ.

Оттаму информираат дека РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 3, додека на Блок 1 привршува капиталниот ремонт и набрзо ќе се вклучи на мрежата.

- АД ЕЛЕМ произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија. Сето тоа зборува за добрата кондиција на производните капацитети и доброто менаџирање на ресурсите, во насока на обезбедување енергетска стабилност на системот, се вели во соопштението.лв/са/12:17

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ