АД ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 796.080 евра

АД ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 796.080 евра

Скопје, 20 јули 2018 (МИА) - АД ЕЛЕМ продаде 12.000 мегават-часови вишок електрична енергија по просечна цена од 66.34 eвра за мегават час.

Компанијата соопшти дека вкупниот приход од оваа продажба реализирана вчера, е 796.080 евра.

Продадените вишоци електрична енергија се за септември 2018 година.

- Ова е петта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава. АД ЕЛЕМ досега продаде вкупно 217.560 мегават-часови со вкупен приход од 11.595.638 евра, наведува компанијата. мч/сд/11:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ