Блок 1 на РЕК Битола повторно ставен во функција

Блок 1 на РЕК Битола повторно ставен во функција

Битола, 25 јули 2018 (МИА) - АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола ја известува јавноста дека Блокот 1 на Термоелектраната „Битола” денеска повторно е ставен во функција.

Од РЕК Битола информираат дека по 75 дена капитален ремонт, во утринските часови, постројката била синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија.

По капиталниот ремонт на Блок 1 на Термоелектраната Битола, започнуваат ремонтни активности на вториот блок кои ќе траат до 10 септември, а ремонт на третиот блок на РЕК Битола предвидено е да се реализира од 10 септември до 15 октомври, информираат од секторот за односи со јавност на РЕК Битола.мт/са/14:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ