Пониски сметки за парно во Скопје од 1 август

Пониски сметки за парно во Скопје од 1 август

Скопје, 30 јули 2018 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ја намали цената  што ќе ја плаќаат граѓаните на град Скопје за потрошена топлинска енергија од 1 август годинава. 

Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, цената за дистирбуција на потршувачите на БЕГ се намалува 3,1 отсто  за Скопје-Север за 0,76 отсто, а за ЕЛЕМ енергетика 1,13 отсто. 

Намалувањето, како што кажа, доаѓа во услови кога цената на природниот гас е за 40 отсто повисока во однос на лани.

Покрај тоа РКЕ за 8,4 отсто  ја намали и цената за фиксните трошоци односно цената што ја плаќаа исклучените корисници од системот за топлинска енергија

За септември најави дека заедно со претставници на БЕГ и Здружението „Но пасаран“ на незадоволните исклучени од системот за топлинска енергија, Регулаторната комисија ќе работи на донесување нови подзаконски акти за регулирање на обврската што ја имаат исклучените корисници. вј/са/14:39

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ