Лажни профили со името ЕВН, компанијата ги предупредува граѓаните

Лажни профили со името ЕВН, компанијата ги предупредува граѓаните

Скопје, 30 јули 2018 (МИА) - Компанијата „ЕВН Македонија“ соопшти дека во последно време се појавуваат профили на социјалните мрежи во кои се користи името на ЕВН и укажува дека тие профили се лажни и содржините кои се наоѓаат на нив се злоупотреба и измама.

- Затоа ЕВН презеде соодветни мерки за затворање на таквите профили, се наведува во соопштението. 

Од „ЕВН Македонија“ велат дека компанијата нема свој профил на социјалните мрежи, а доколку постави, навреме ќе ги информира корисниците.

Компанијата ги советува граѓаните да не оставаат лични податоци на лажните профили бидејќи тие може да бидат злоупотребени.

Апелираат ако во иднина граѓаните добијат покана да следат вакви и слични профили, да ги игнорираат и да информираат во контакт-центарот на ЕВН, на телефон +389 2 3205 000 или 0890 88888 или е-пошта: info@evn.mk. лв/хс/17:59

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...