• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

До 50 отсто пониска цената за пренос на гас за когеративните електрани

До 50 отсто пониска цената за пренос на гас за когеративните електрани

Скопје, 31 јули 2018 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница донесе одлука за измени на Правилникот за начин и услови за регулирање тарифи за пренос, управување со системот за пренос и дистрибуција на природен гас.

Со измените, како што изјави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, се овозможува во периодот од 1 август до 15 октомври годинава, односно до почетокот на грејната сезона, цената за пренос на гас за ТЕ-ТО, КОГЕЛ и Елем енергетика да биде пониска до 50 проценти од реалната.

Тоа, како што кажа, се нуди заради значително намалената потрошувачка на гас во овој период од годината. вј/са/12:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ