На Феит ќе почнат со работа две фотоволтаични централи

На Феит ќе почнат со работа две фотоволтаични централи

Скопје, 22 август 2018 (МИА) -  На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, денеска ќе бидат пуштени во употреба две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 КW.

Едната централа е донација од ОКТА, а другата е набавена во рамките на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици“, како и со сопствени средства на Факултетот.

Проект на ФЕИТ треба да придонесе за енергетска ефикасност на објектот, се заштедуваат средства, но и се придонесува кон заштита на животната средина и намалување на загадувањето. 

На настанот e најавено присуство на министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје Димитар Ташковски и главниот извршен директор на ОКТА Јанис Геруланос.скс/са/07:41

###



 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ