• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар

Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува од еден од 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според Одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за еден денари и ќе изнесува 72 денари за литар, Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 74 денари за литар. За 1,5 денар се зголемува и цената на Еуродизелот и тој ќе се продава по 64,5 денари за литар. Се зголемува цената и Екстра маслото за домаќинството за 1,5 денари и ќе се продава по 53 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,951 денари и ќе изнесува 34 денари за килограм

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 74,5 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 53,62 денари.скс/сд/13:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...