• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Хортикултурно уредување на дел од зеленилото во Градски Парк

Хортикултурно уредување на дел од зеленилото во Градски Парк

Скопје, 16 март 2018 (МИА) - Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на хортикултурно уредување на дел од зеленилото во Градски Парк. Во облик на алпинетум е уреден просторот спроти Хотел Канет и езерцето кај Стадионот со површина од 4.400 м², со околу стотина зимзелени садници, мини четинари, украсни грмушки и перени.

Се предвидува да се засадат околу 250  парчиња сезонски цветен расад во повеќе бои, каде колоритно ќе се оплемени зеленилото, а на тревната површина веќе е поставена нова хидрантска мрежа од 700 метри, а заменети се и оштетените прскалки и инсталирани се нови за наводнување на зеленилото.

парк 2

Ова е втората фаза од активностите за уредување на јавните зелени површини. Освен извршената реконструкција на тревната површина на овој дел, се уредува и делот спроти паркингот, пред Фонтаната „Лотосов цвет“, со површина од 1.900 м².

Како дел од програмата за работа предвидена во делот на реконструкција на зелени површини за јавна употреба, етапно се зазеленуваат парковски површини, блоковско зеленило, како и делови на булеварско зеленило. вг/скс/15:24

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ