Велосипедски трки утре во општина Илинден, посебен режим на сообраќај

Велосипедски трки утре во општина Илинден, посебен режим на сообраќај

Скопје, 21 јули 2018 (МИА) - По повод денот на општина Илинден, утре во периодот од од 15:30 до 19:30 часот ќе се одржи велосипедска трка, поради што  ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот долж предвидените тркачки патеки.

Од 15:30 часот велосипедската трка за реакреативци ќе стартува од спортска сала „Гоце Делчев“ (во населбата Илинден) потоа кон село Марино, назад кон Илинден, по улица „9“, улица „8“ до спортска сала „Гоце Делчев“.

Трасата пак на велосипедска трка за професионалци чиишто почеток е закажан за 16:00 часот, е со старт од паркингот пред спортската сала во општина Илинден преку надвозник во населба Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино,  Марино и назад до спортска сала „Гоце Делчев“ (трката ќе заврши околу 19:30 часот).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по трасите каде што ќе се движат натпреварувачите. сст/рп/11:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ