• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Скаути од НБА ќе го следат кошаркарското европско јуниорско првенство во Скопје

Скаути од НБА ќе го следат кошаркарското европско јуниорско првенство во Скопје

Скопје, 23 јули 20189 (МИА) - Вкупно 15 скаути од НБА и уште 15 од евролигашки клубови ќе ги следат јуниорските таленти за време на претстојното европско првенство за кошаркари до 18 години што ќе се одржи во Скопје.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, најавена е и посета од извршниот директор на ФИБА Камил Новак, на почетокот на август.

Првенството почнува на 27 јули, а завршува на 5 август 2018 година.  Натпреварите ќе се играат во СРЦ Кале, во големата сала, во СЦ „Јане Сандански“ и во Vip арената при СЦ „Борис Трајковски“.

- Чест и задоволство ми е што Скопје годинава е домаќин на европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години, најмасовното првенство за млади со учество на 24 екипи и вкупно 300 учесници. Првенството ќе трае девет дена, сметајќи ги и двата дена за одмор, 30 јули и 2 август, рече градоначалникот Петре Шилегов.

На прес-конференцијата во спортската сала „Јане Сандански“ беа присутни спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација Владимир Темелковски, селекторот на машката репрезентација во кошарка до 18 години Панче Милевски и капитенот на репрезентацијата Лука Стојаноски.  

 - Град Скопје ќе продолжи да поддржува настани кои го развиваат спортскиот дух кај младите зашто тие се нашата иднина, иднината на овој град. Покрај вложувањата во врвниот, рекреативниот, масовниот и во спортот за лица со посебни потреби, најмногу ќе вложуваме во средноучилишниот спорт. Годинава доделивме 100 стипендии за спортисти-средношколци на подрачјето на Градот Скопје, истакна Шилегов. мч/сд/15:17

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ