• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Дел од корисниците во Центар, село Бардовци и локалитетот Матка утре без струја

Дел од корисниците во Центар, село Бардовци и локалитетот Матка утре без струја

Скопје, 23 јули 2018 (МИА) - Корисниците од објектите на Музеј Матка, Ресторан Кањон Матка и црква „Свети Андреј“ на локалитетот Матка во Општина Сарај утре ќе бидат без струја од 8:30 до 15 часот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија. 

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија во истиот период од денот ќе останат и корисниците од дел од ул. „Аминта Трети“, броевите од 70  нагоре, поточно објектите во околината на крстосницата со бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (Клуб на пратеници, Гостилница „Ка“, Холандска амбасада и други во Општина Центар.

Од 8:30 до 14:30 часот струја ќе немаат и корисниците од дел од ул. „Македонија“ (зграда палата Македонија во Општина Центар), а од 9:00 до 13 часот - корисниците од дел од улицат „12“ во село Бардовци во Општина Карпош. хс/вј/16:29

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ