• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Делови од Аеродром, Центар, Ѓорче Петров и Кисела Вода утре без струја

Делови од Аеродром, Центар, Ѓорче Петров и Кисела Вода утре без струја

Скопје, 24 јули 2018 (МИА) - Корисниците од булевар „Кузман Јосифиовски Питу“ бр.22 и бр.24, и од улицата „Симеон Кавракиров“ од број 1 заклучно со број 9 во општина Аеродром  утре од 8:30 до 11:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:45 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Мајка Тереза“, „Васил Ѓоргов“, „Бел Камен“, „Козара“ и „Шарски Одреди“, како и објектот на МЖ лоциран на улицата „Васил Ѓоргов“ во општина Центар.

Во периодот од 12:15 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од улиците „Волче Наумчевски“ и „Волковска“, како и објектите на бензинската пумпа, Технички преглед и Кам Маркет во Новоселски Пат, општина Ѓорче Петров, а од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата „Славка Динкова“ и тоа непарни броеви од број 37 до број 59 во општина Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД. вј/са/09:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ