Општина Аеродром се приклучува кон глобалната акција за мапирање и расчистување диви депонии

Општина Аеродром се приклучува кон глобалната акција за мапирање и расчистување диви депонии

Скопје, 24 јули 2018 (МИА) - Општина Аеродром се приклучува кон глобалниот настан за мапирање и расчистување диви депонии инициран од движењето „Let's Do It! World“.

Акцијата е предвидено да се спроведе на Светскиот ден на чистење, 15 септември, а граѓаните имаат можност директно да се вклучат во детектирање на расфрлениот отпад преку апликацијата „World Cleanup“ на следниот линк https://www.worldcleanupday.org/map-it/. 

Мапирањето трае до средината на август, по што ќе следи процес на избор на локации за чистење и понатамошна организација и логистика. 

„Let's Do It! World“ е најбрзорастечкото граѓанско движење во светот, кое ги поврзува и ги охрабрува граѓаните, општините, компаниите и владите да ги исчистат своите земји од лошо управуваниот отпад. Од 2008 година кон ова движење се приклучија речиси 20 милиони луѓе од целиот свет.

Организатор на настанот во Македонија е Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ од Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. мд/сд/09:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...