• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Град Скопје издвои милион денари за Атина

Град Скопје издвои милион денари за Атина

Скопје, 24 јули 2018 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска телефонски разговараше со неговиот атински колега Јоргос Каминис и му изрази длабоко сочувство за загинатите граѓани во стихијниот пожар што ја зафати околината на Атина.

- Град Скопје ќе и испрати милион денари првична помош на Атина за настраданите во пожарите. Ова е прва итна мерка на Град Скопје и тој останува отворен за каква било помош доколку дополнително се побара, соопшти Град Скопје.

Освен Шилегов, и градоначалникот на Тирана, Ерион Велај,  стапил во контакт со Каминис изразил поддршка и понудил помош.

Каминис, како што соопшти неговиот кабинет, се заблагодарил за солидарноста  што ја  демонстрираат и договорија нов контакт за следните чекори. мд/сд/14:23

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ