• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Скопските општини дел од проектот „Европска зоолошка“

Скопските општини дел од проектот „Европска зоолошка“

Скопје, 24 јули 2018 (МИА) - Директорот на Зоолошката градина Скопје Ѓорѓи Галетановски денеска се сретна со градоначалниците на Кисела Вода и на Бутел Филип Темелковски и Велимир Смилевски.

На средбата, како што информира Зоолошката градина, е договорена целосна соработка вклучувајќи ги општинските сектори за образование и секоја општина ќе се вклучи со донации. 

- Зоолошката градина е на сите деца, од сите општини. За тие успешно да се едуцираат на општините ќе ги отстапиме двата едукативни центри, кои се целосно опремени за успешна едукација на деца од предучилишна и училишна возраст, изјави директорот Галетановски.

Проектот „Европска зоолошка“ има за цел Зоолошката градина во Скопје да се направи по европски стандарди. Проектот го почна Галетановски откако дојде на функцијата директор. мд/сд/15:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...