• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Филмски колаж, перформанс и концерти во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“

Филмски колаж, перформанс и концерти во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“

Скопје, 25 јули 2018 (МИА) - Во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ вечер во 20.30 часот во галеријата Графити во ГТЦ, кај автобуската постојка, ќе биде прикажан краткометражниот филмски колаж „Скопје сонува“ на младата режисерка Дина Дума.  Половина час подоцна, во 21 часот ќе биде изведен перформансот „Тивка реконструција на земјотресот“ на Билјана Радиноска.

По овие две содржини, во 21:30 часот ќе почне музичката програма „Разговор со смисла“ која вклучува концерти на Mammoth & Yashem, Тодор Караколев, импров сесија со музичари од новата скопска сцена.

Сите настани се тематски врзани со скопскиот земјострес и претставуваат видување на овој настан од 26 јули 1963 година, низ очите на младите уметници и нивното реконструктивно доживување на оваа трагедија.

- Освен визулено изненадување за посетителите со овие настани сакаме да ја потенцираме и архитектонската важност на ГТЦ за градот Скопје и да го вратиме урбаниот дух во централното градско подрачје. Акцентираме дека јавниот урбан простор може да биде облагороден со културни настани и тој е слободна зона каде што жителите и посетителите на нашиот град можат да се чуствуваат креативно и задоволно, соопштија градските власти.

Манифестацијата „Зборува Скопје“ завршува утре кога група урбани уметници од Центарот за совремни уметници организираат аудио акција точно 5:17 минути на пет различни локации кои ќе не потсетат на точното време на трагичниот настан.

Традиционално ќе се одржи и крводарителската акција организирана од Црвениот крст на град Скопје, а Организациски одбор ќе положи цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта во Бутел. Организацијата на жените на Град Скопје ќе одржи поетско читање, а Здружението на акцијашите од студентскиот дом „Стив Наумов“ ќе организираат марш до Музејот на Скопје каде што во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Од братство и единство `63 до Скопје `63“. 

Во Музејот на современа уметност ќе биде отворена изложба на дела од грчки автори. Во Младинскиот културен центар пак ќе има проекции на серијата „Досие Скопје“ и богата музичка програма.

Град Скопје ги повикува граѓаните да ги проследат настаните, да се потсетат на трагедијата која го разори нашиот град и да упатиме порака дека не сме ја заборавиле поддршката што пред 55 години ја добивме од целиот свет. мд/са/11:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ