Шилегов: Да го чуваме и сакаме нашиот град

Шилегов: Да го чуваме и сакаме нашиот град

Скопје, 26 јули 2018 (МИА) - Скопје никогаш повеќе да не се бори со природни катастрофи од вакви размери, како што беше земјотресот од 26 јули 1963 година. Да шири оптимизам и да настојува во нашата средина да завладее еден поинаква перцепција на нештата кои се нераскинлив дел од развојот на овој град. Од денешна перспектива, Скопје е потврда на кажаново и голем поттик и обврска на сите нас заедно да го чуваме и да го сакаме нашиот град.

Ова синоќа го изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов во Галеријата на графити во Градскиот трговски центар. Тој присуствуваше на главниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје  (23-26 јули)“ со која се одбележува 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес.

По катастрофалниот земјотрес први кои им пристигнале на помош на скопјани биле граѓаните од поранешните југословенски републики, а веднаш потоа почнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет.

- Во реализацијата на широката програма од акции, суштествени за изградбата на Скопје, својата помош и ја обзнанија сите оние домашни и меѓународни сили, хуманитарни организации, исклучителни личности, кои го почитуваа градот, сочувствуваа со катастрофата и сакаа да придонесат разрушеното Скопје, повторно да се роди. 87 нации испратиле најразлична помош и помогнале во изградбата на новото Скопје - „Градот на Солидарноста“. По земјотресот новото Скопје со својата култура, урбано-економска, географско-просторна, демографска и културолошка специфичност, станува модерен град, нагласи Шилегов. Ги повика скопјани да бидат хумани и да донираат помош за настраданите во  соседна Грција.

Во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ посетителите имаа можност да ја погледнат проекцијата на краткометражниот филмски колаж „Скопје сонува“ на младата режисерка Дина Дума и перформансот „Тивка реконструција на земјотресот“ на Билјана Радиноска. Се забавуваа во музичката програма „Разговор со смисла“, односно во концерти на Mammoth & Yashem, Тодор Караколев, импров сесија со музичари од новата скопска сцена.

Сите настани од манифестацијата „Зборува Скопје“ се тематски врзани со скопскиот земјотрес и претставуваат извесно видување на овој настан низ очите на младите уметници и нивното реконструктивно доживување на оваа трагедија. мд/са/08:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...