• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Оддадена почит пред споменикот на жртвите од земјотресот

Оддадена почит пред споменикот на жртвите од земјотресот

Скопје, 26 јули 2018 МИА) - Домашни  и странски делегации денеска на градските гробишта во Бутел, положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, што се случи пред 55 години.

Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Петре Шилегов. 

Почит за настраданите изрази и владина делегација во состав Драган Тевдовски, министер за финансии, Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација и Зорица Апостолска, министерка задолжена за странски инвестиции.

Владина делегациуја на гробишта Бутел за земјотресот

- Одбележувањето на 26-ти јули, кога се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, за Владата на Република Македонија е сеќавање на бројните жртви, но и вечен потсетник за сочувството, помошта и солидарноста што ги покажа светот кон семејствата на загинатите и кон градот Скопје. Тоа е наша обврска, да возвраќаме со сочувство и помош кон оние на кои им е потребно, да градиме општество врз темелите на солидарноста и да продолжиме да го развиваме главниот град со ентузијазмот и прогресивната визија, со којашто беше обновен, велат од Владата по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Со положување цвеќиња, почит на жртвите им оддадоа и делегации од Собранието на Република Македонија, на политичките партии, на сите скопски општини, претставници на Црвен крст, на АРМ, на јавни претпријатија и културни установи, како и бројни граѓани.

Цвеќиња на гробиштата на загинатите од земјотресот, положија и официјални делегации од странство, меѓу кои: од Соединетите Американски држави, Република Кина, Република Франција, Кралството Холандија, Руската Федерација и делегација од Европската Унија.мд/са/12:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ