• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Одбележан Денот на општина Илинден

Одбележан Денот на општина Илинден

Скопје, 27 јули 2018 (МИА) - Со пригодна свеченост општина Илинден го одбележа својот патронен празник - 2 Август. Нашата музичка легенда Влатко Стефановски беше специјален гостин на вечерта, а присутните уживаа во неговите изведби и ги пееја „Чукни во дрво“, „Као какао“ „Скопје“...

Како што информира општина Илинден, на свечена седница на Советот беше доделено нововостановеното признание „Клуч од општината“. Ова признание се доделува на правни и физички лица кои придонеле за побрз развој на општината во спроведувањето на нејзините планови и активности за овозможување подобри услови за живеење, подобрување на животниот стандард и квалитетот на животот на граѓаните на општина Илинден. 

Добитници се  Друштвото за меѓународен транспорт и шпедиција „Дени интернационал“ и Момчило Николовски, а признанието го додели градоначалникот на Илинден Жика Стојановски. 

Како дел од централната манифестација од одбележувањето на Денот на општина Илинден, беше отворена изложба на уметникот-аматер Зоран Трпевски од општина Илинден. Изложбата ја отвори академскиот сликар Новица Трајковски, кој зборувајќи за авторот истакна дека иако е аматер со неговите дела може да застане рамо до рамо со членовите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. 

И годинава се одржа традиционалниот Спортски викенд „Илинден 2018“, под мото „Ние навиваме за Македонија“ на кој учествуваа над 750 спортисти и крводарителска акција во која се вклучија 63 крводарители од општина Илинден. мд/сд/13:14

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...