Од недела привремен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“

Од недела привремен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“

Скопје, 27 јули 2018 (МИА) - На булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со булеварот „8 Септември“ во насока на движење кон улица „МАНАПО“ во близина на трговскиот центар „Сити мол“, в недела ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

Привремениот сообраќаен режим се воведува поради извршување градежни работи за изведување гасоводна мрежа. На терен ќе работат екипи на Акционерското друштво ГА-МА-Скопје.

- Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, соопшти Град Скопје. 

Привремениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи за изведба на гасоводната мрежа на овој дел од булеварот „Илинден“. мд/сд/14:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...