Општина Кисела Вода се приклучува на глобалната акција за мапирање и чистење диви депонии

Општина Кисела Вода се приклучува на глобалната акција за мапирање и чистење диви депонии

Скопје, 31 јули 2018 (МИА) - Општина Кисела Вода преку соопштение ги повикува граѓаните да бидат активни учесници во глобалната акција за мапирање и чистење диви депонии, чија цел е да се оформи мапа на која ќе бидат обележани локациите на дивите, нелегални депонии на отпад и тие да се исчистат.

Како што информираат од општината, заинтересираните граѓани за првата фаза - лоцирањето / мапирањето, можат да се пријават до средина на идниот месец преку апликација на линкот: https://www.worldcleanupday.org/map-it/

Во втората фаза, граѓаните ќе може да се вклучат на 15 септември годинава, кога општината првпат ќе се приклучи на најголемата глобална акција за расчистување на отпад / диви депонии, настан инициран од движењето Let ’s Do it! World, кое е најбрзо растечко движење во светот што од 2008 година им помага на владите, општините и компаниите да го исчистат отпадот во своите земји.

Во Македонија, акцијата за расчистување на отпадот, се спроведува во организација на здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН од Скопје, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. вј/сд/09:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...