Град Скопје им изрече опомени на лицата од импровизираните живеалишта

Град Скопје им изрече опомени на лицата од импровизираните живеалишта

Скопје, 31 јули 2018 (МИА) - Комуналните инспектори на Град Скопје извршија увид на јавните површини во делови од градот на кои се поставени импровизирани живеалишта и им изрекоа опомена на лицата кои се населени во близина на НБРМ, пред зградата на „Астера“ и на лицата лоцирани под Кале.

Како што информира Град Скопје, по извршениот увид на терен комуналните инспектори констатирале нарушување на комуналниот ред и јавната чистота, односно непочитување на одредбите од Законот за јавна чистота. Опомената на лицата им е изречена согласно Одлуката за комунален ред во Град Скопје.

- Град Скопје има обврска да се грижи за чистотата во градот, а особено да превенира и да се справува со причинителите на загадувањето на воздухот. На основа на ингеренциите што ги има Град Скопје и секогаш водени од потребата на граѓаните, Град Скопје има намера да го решава ова прашање кое години наназад се провлекува, се вели во соопштението од Град Скопје. мд/дма/16:07

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ