• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Делови од неколку скопски општини утре без струја

Делови од неколку скопски општини  утре без струја

Скопје, 2 август 2018 (МИА) - Дел од корисниците на ул. „Капиштец“ во општина Центар утре ќе немаат струја од 8 до 16 часот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од „ЕВН Македонија“.

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, од 9 до 16 часот утре без електрична енергија ќе бидат и корисниците од ул. „Фрањо Клуз“ бр. 2 и бр. 4 во општина Аеродром, а од 11 до 15 часот корисниците од дел од село Бардовци околу училиштето во општина Карпош. 

Од 8.30 до 15 часот утре струја ќе немаат ни корисниците од село Долна и Горна Матка и селата Гулмово и Шишево во општина Сарај, а од 7:20 до 8 часот и корисниците од месноста Бела Земја во селата Кадино и Марино во општина Илинден. хс/ев/13:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ