• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Второ прскање против ларви од комарци на подрачјето на Скопје

Второ прскање против ларви од комарци на подрачјето на Скопје

Скопје, 3 август 2018 (МИА) - Град Скопје соопшти дека во наредниот период ќе се изврши втората фаза од прскањето против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје, која опфаќа авионско прскање и дезинсекција од земја.

Авионската дезинсекција ќе се изврши на 6 август (понеделник) во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција на  7 август (вторник) во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Воедно, од Град Скопје посочуваат дека пчеларите треба навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. вг/рп/10:20

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...