Се гради нова улица со паркинг во Мичурин

Се гради нова улица со паркинг во Мичурин

Скопје, 3 август 2018 (МИА) - Во населбата Мичурин почна изградба на комплетно нова улица со јавно паркиралиште покрај улицата „Фрањо Клуз“ во должина од 200 метри, за кои општина Аеродром ќе издвои над осум милиони денари.

- Станува збор за изградба на улицата „Новопроектирана 8“, која ќе добие и комплетно нова атмосферска, фекална и водоводна мрежа, исто така во должина од 200 метри. Улицата и паркиралиштето ќе бидат целосно осветлени, соопшти општина Аеродром. 

Планирано е изведбата да заврши во рок од три месеци. мд/рп/11:14

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ