Нови велосипедски патеки на неколку локации во Скопје

Нови велосипедски патеки на неколку локации во Скопје

Скопје, 5 август 2018 (МИА) - Град Скопје соопшти дека се почнати или ќе започнат градежни работи на велосипедски и пешачки патеки со вкупна должина од над пет километри.

Нови велосипедски патеки ќе има на бул. „Борис Трајковски“ - од крстосницата кај бул. „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до поранешната фабриката „Стаклара“ (3132 метри), на улица „11 Октомври“ - од крстосницата кај бул. „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до крстосницата со бул. „Кочо Рацин“ (666 метри), на бул. „Крсте Петков Мисирков“ - од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до клучката на Бит-пазар (1142 метри) и на улица „Бутелска“ до крстосницата со улица „Душко Поповиќ“ (310 метри).

Патека 2

- Паралелно со овие велосипедски патеки, екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на реконструкција на велосипедските патеки на бул. „8 Септември“ - од крстосница со бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до крстосница со улицата „Скупи“, соопшти Град Скопје. хс/мч/10:50

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ