Уметнички дела од Скопје за Атина

Уметнички дела од Скопје за Атина

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - Град Скопје ќе го организира превозот на донираните уметнички дела кои се собрани во рамки на хуманитарната акција „Донирај уметност“ во знак на солидарност по пожарот кој минатиот месец ја зафати Грција. 

Акцијата ќе се реализира откако Град Скопје ќе воспостави контакт со надлежна институција од Атина, која ќе ја прими донацијата.

Иницијативата „Донирај уметност“ на фејсбук ја почна графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула со цел да се собере колекција која Град Скопје ќе ја донира на градот Атина. 

Македонските уметници донираа околу 70 свои уметнички дела: графики, масла на платна, акварели, цртежи, неколку скултптури, дигитални илустрации, а најмногу има фотографии.

Во Музејот за современа уметност има токму таква донација на уметнички дела кои Скопје ја има добиено од страна на Грција по катастрофалниот земјотрес од 1963 година.мд/са/12:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.