• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Опожарен автомобил во Ченто

Опожарен автомобил во Ченто

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - Еден автомобил рано изутрината бил запален на улицата „Методија Андонов Ченто“ бр. 161 во Скопје. 

Како што информира командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески случајот бил пријавен на „193“ во 3:05 часот изутрината, а пожарот бил изгаснат во 4 часот. 

- Опожарени се делови од возилото и причинета е материјална штета од околу 60 илјади денари. Интервенирано е со едно возило и со четири пожарникари, изјави Томески.

Противпожарната бригада на Град Скопје изутрината во 2:40 часот интервенирала и во стан на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Поради запалена електрична инсталација биле опожарени два метри квадратни и причинета е материјална штета од девет илјади денари. 

Случајот бил пријавен на „193“, а во гаснењето на пожарот учествувале три пожарникари со едно возило. мд/са/11:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...