• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Уредени 12 илјади метри квадратни зеленило во Скопје

Уредени 12 илјади метри квадратни зеленило во Скопје

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - Екипи на Град Скопје и на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ подигнаа и уредија четири зелени површини во главниот град. 

На булеварот „Свети Климент Охридски“, пред зградата со број 54 е уреден зелен плоштад на површина од 800 метри квадратни. Поставена е хидрантска мрежа од 150 метри, четири шахти, три хидранти и 12 прскалки.

Зелен плоштад е уреден и на улицата „Лазар Личеновски“ под Кале, на површина од 819 метри квадрати. Поставени се хидрантска мрежа од 20 метри, седум шахти, четири хидранти и 17 прскалки.

Уредено е и зеленило од 5.684 метри квадратни меѓу улиците „Втора македонска бригада“ и „Лазо Трповски“. На оваа зелена површина е поставена хидрантска мрежа од 450 метри, 11 шахти, осум хидранти и 74 прскалки.

Јавна зелена површина е уредена и на булеварот „Крсте Мисирков“, до Младинскиот културен центар (МКЦ). На оваа локација, на површина од 4.585 метри квадратни е поставена хидрантска мрежа од 100 метри, седум шахти, пет хидранти и 47 прскалки. мд/са/13:21

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...