• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Заменети 155 стари контејнери со нови на 28 локации во Скопје

Заменети 155 стари контејнери со нови на 28 локации во Скопје

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - Град Скопје замени со нови вкупно 155 дотраени контејнери на 28 локации, во пет општини, во рамки на акцијата за подобрување на подигањето на отпадот на територијата на градот Скопје.

Освен замена на старите, екипи на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализирале и акција за миење и дезинфекција на контејнерите за исфрлање на комуналниот отпад со зафатнина од 1,1 м3, поставени во општините Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Чаир и во Кисела Вода.

Контејнерите, како што информираат од Град Скопје, се транспортираат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, каде што се врши нивно миење, дезинфекција, репарација, а со помош на автоцистерни се изведува и комплетно миење и на џебовите на нивните микролокации.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, како што информираат, во претстојниот период ќе продолжи со активностите во сите скопски општини, со цел да се подобри хигиената на садовите за исфрлање на отпадот, како и на самите микролокации за  да се избегне ширењето на непријатните миризби. аа/сд/15:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ