Девет лица полесно повредени во 18 сообраќајки во Скопје

Девет лица полесно повредени во 18 сообраќајки во Скопје

Скопје, 8 август 2018 (МИА) - Девет лица се полесно повредени во 18 сообраќајни несреќи евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие. Од сообраќајките десет биле со причинета материјална штета. 

Сообраќајната полиција санкционирала 51 возач за пречекорување на пропишаната брзина, исклучени се 16 возачи од сообраќај, од кои 11 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, тројца биле под дејство на алкохол, а двајца биле возачи почетници. Од сообраќај биле исклучени и 12 нерегистрирани возила. 

Изречени се 129 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 54 возила. мд/сд/09:19

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ