• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Скопската зоолошка ќе добие два слона

Скопската зоолошка ќе добие два слона

Скопје, 8 август 2018 (МИА) - По 26 години Зоолошката градина во Скопје ќе добие два слона. Се работи за женки, едната африканска, а другата азиска, кои од Белгија треба да пристигнат на 15 или 16 овој месец. 

Како што информира Зоолошка градина Скопје, азискиот слон е најголем од неговиот вид во Европа. Слоновите откако ќе пристигнат ќе бидат 21 ден во карантин во нивното живеалиште во Зоолошката градина. На почетокот на септември се предвидува отворање на живеалиштето, кое е направено по стандарди и проверено е од ЕАЗА-Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми. 

Кон крајот на септември во Зоолошката градина треба да простигнат четири шимпанза, меѓу кои е и Коко кој беше на рехабилитација и ресоцијализација во Холандија.

Од Зоолошката градина најавуваат дека ќе донесат и други езгзотични животни. мд/са/14:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.