Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Скопје, 8 август 2018 (МИА) - Без електрична енергија утре од 8 до 10 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Ганчо Хаџипанзов“ и „Капиштец“ во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 8 до 15:30 часот ќе останат и корисниците од улица „Дебарца“ бр. 46, Буњаковец, во општина Центар.

Без струја од 10 до 12 часот ќе бидат корисниците од  улица „Капиштец“, во општина  Центар.

Од 9  до 12 часот утре без напон ќе бидат корисниците од дел од улица „Андон Дуков“, дел од улица „505“ и дел од улица „507“, наспроти „Центар за странски јазици“, улица „Орце Николов“ од 150 до 160 (парни броеви), наспроти „Центар за странски јазици“, дел од улица „Драган Ѓаконовски Шпато“, кафеана „Пошта“, во општина Центар. аа/рп/17:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...