• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Град Скопје: Авионското прскање против комарци ќе трае четири дена, земјеното почнува од понеделник

Град Скопје: Авионското прскање против комарци ќе трае четири дена, земјеното почнува од понеделник

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - Град Скопје соопшти дека денеска во раните утрински часови е извршено третото продолжено авионско прскање против возрасни форми на комарци и засилено прскање против комарци во градот.

Прскањето, како што посочуваат, ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник), кога ќе продолжи од земја и ќе се одвива до 17 август во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Од Град Скопје истакнуваат дека заради зголемените врнежи во изминатиот период се создала поволна клима за брзо размножување на комарците, па одлучиле третото прскање наместо два дена да трае четири дена, со што се зголемува интензитетот на заштита.

Линк до видеото од утринското прскање против комарци, со авион: https://www.youtube.com/watch?v=XjFnaMmMgPI&feature=youtu.be

По ова продолжено и засилено прскање ќе се изведат уште две прскања против комарци, што се планирани кон крајот на месецов и на почетокот на септември. Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, наведуваат од Град Скопје. рп/сд/12:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...