Неколку скопски села и населби утре и в недела без струја

Неколку скопски села и населби утре и в недела без струја

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - Дел од корисниците од селата Долно Лисиче и Јурумлери, како и населбата Гоце Делчев, утре од 7:30 до 13:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Утре од 13:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Петровец, Катланово, Брезица и Летевци.

В недела од 3:00 до 5:00 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од населбата Илинден и селото Јурумлери.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД. вј/сд/13:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ