Можно забавување на јавниот превоз на „Партизанска“ поради геодетски мерења

Можно забавување на јавниот превоз на „Партизанска“ поради геодетски мерења

Скопје, 13 август 2018 (МИА) - Од утре до 3 септември можно е забавување на јавниот превоз на булеварот „Партизански одреди“, од крстосницата со булеварот „8-ми Септември“ до мостот „Обединети нации“.

Како што информира Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, забавувањето е поради геодетски мерења и вадење кернови од Друштво за градежништво, промет и услуги „Геинг“.

- Автобусите и автобуските постојки ќе функционираат вообичаено, но можни се одредени застои поради условите на терен. Ги молиме патниците за трпение, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“. мд/са/15:29

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...

Тренерот на Баерн им порача на фудбалерите да не одат сами на „Октоберфест“

Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот н...