Две лица потешко повредени во собраќајки во Скопје

Две лица потешко повредени во собраќајки во Скопје

Скопје, 14 август 2018 (МИА) - Две лица се потешко, а десет полесно повредени во 11 сообраќајни несреќи евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие. Од сообраќајките три биле со причинета материјална штета. 

Сообраќајната полиција санкционирала 33 возачи за пречекорување на пропишаната брзина. Исклучени се 15 возачи од сообраќај, од кои 12 поради управување на возилото пред да стекнат такво право, двајца биле под дејство на алкохол, а еден бил возач почетник.

Едно возила е исклучено од сообраќај поради техничка неисправност, а имало 15 нерегистрирани возила. Непрописно биле паркирани 115 возила, а „пајакот“ подигнал 47 возила. мд/скс/08:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...