Ликовна работилница и игри без граници за децата од општина Центар

Ликовна работилница и игри без граници за децата од општина Центар

Скопје, 15 август 2018 (МИА) - Во паркот „Капиштец“ вечер, во 18:30 часот, ќе се одржат ликовна работилница и игри без граници. Децата ќе имаат можност да цртаат под отворено небо и да се запознаат со тајните и правилата на игрите како плочка, ластик, џамлии, а идејата е да се вкучат и родителите како еден вид ментори на своите деца.

Основна цел на циклусот детски настани, поддржани од општина Центар, кои летово се организираат под слоганот „Остави го таблетот, симни се пред зграда“, е децата да се едуцираат на интересен начин за време на училишниот распуст и да се поттикнат да излезат надвор од своите домови на заедничко дружење и игра.

Општина Центар информира дека досега се одржале повеќе ликовни, музички и театарски работилници. На секоја од нив присуствувале повеќе од 200 деца со нивните родители.

Едно истражување спроведено кај 12 илјади родители во десет земји покажало дека една третина од децата, на возраст од пет до 12 години, надвор поминуваат помалку од 30 минути на ден. Од друга страна, психолозите порачуваат дека токму играњето надвор има низа позитивни ефекти во правилниот развој на децата – го намалува стресот, ги учи да се социјализираат и да се снаоѓаат во различни ситуации. мд/сд/09:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...