„Карпошово културно лето“ од 24 до 26 август

„Карпошово културно лето“ од 24 до 26 август

Скопје, 15 август 2018 (МИА) - Општина Карпош по единаесетти пат од 24 до 26 август годинава ќе ја организира традиционалната културна манифестација „Карпошово лето 2018“.

Тридневната културна манифестација ќе ја води актерот Сашко Коцев. На платото во ТЦ „Лептокарија“ граѓаните ќе имаат можност да уживаат во различна и богата програма наменета за сите генерации.  За најмладите ќе настапат „Златните славејчиња“ и Петко 5+ бендот.

Според прогрмата, настапи ќе имаат Дарио Панковски, групата „Нон стоп“, „The Blue Funk Individuals“, Игор Џамбазов, Гуру Харе и пријателите (Мики Јовановски Џафер и Кристина Арнаудова),  фолклорно студио „Етнос“, Чалгија саунд систем, Златко Ориѓански и Бени Шаќири. 

- Новата енергија и новиот дух во Карпош се чувствува од секој аспект. Од оваа причина, се решивме да им дадеме поголем простор на домашните изведувачи и артисти кои импонираат со својот талент, музикалност и мултимедијалност, соопшти општина Карпош. мд/са/12:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...