• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Делови од Центар, Чаир, Љубин и Горно Соње утре без струја

Делови од Центар, Чаир, Љубин и Горно Соње утре без струја

Скопје, 15 август 2018 (МИА) - Дел од корисниците од село Љубин утре од 8:50 до 10:50 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Панче Неделковски“ и тоа од зградите и на потегот од број 47 до број 63 и во близина на црквата Св. Ѓорѓија, О.У. „Цветан Димов“, зградите наспроти училиштето што се водат на улица „Серава“ бр. 63Б и  бр. 85, како и потрошувачите од околните објекти во близина на О.У. „Цветан Димов“ во општина Чаир.

Во периодот од 8:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисиниците од улицата „Франклин Рузвелт“ бр. 36, бр. 40, бр. 46А, бр. 46, бр. 50 и бр. 52, како и дел од корисниците од улиците „Мајаковски“, „Ѓоргија Пулевски“, „Благоја Давковски“ и „Црвена Вода“ во општина Центар, а од 9:00 до 14:00 часот, корисниците од месноста „Коштан“ во село Горно Соње.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на  „ЕВН Македонија“ АД. вј/сд/12:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...