• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Шилегов: Во тек реконструкција на фасадите и реновирање на 13 средни училишта

Шилегов: Во тек реконструкција на фасадите и реновирање на 13 средни училишта

Скопје, 16 август 2018 (МИА) - Енергетски ефикасни фасади во согласност со современите стандарди за рационализација и заштеда на електричната и топлинската енергија, ќе добијат 13 средни училишта во Скопје. Реконструкцијата на постојните фасади на училиштата е во тек и се одвива во рамки на Програмата за енергетска ефикасност на градските установи 2018-2020 и Акцискиот план кои ги изготви Град Скопје на почетокот на годинава. 

Покрај тоа, почнува и реконструкцијата на покривите и надворешната столарија во училиштата каде е потребно.

Ова денеска го истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој го посети Средното училиште на Град Скопје, „Јосип Броз Тито“. Посочи дека во тоа училиштето се работи на довршување на надворешната столарија и фасада, реконструкција на подовите и вратите на училниците, на делови од атриумот, на адаптација на тоалети за лица со физичка попреченост, како и лимарски работи во одредени делови. 

Шилегов во училиштето „Јосип Броз Тито“Потенцира дека завршила и тендерската постапка за реконструкција на фасадите на средниште училишта „Марија Кири Склодовска“ и „Цветан Димов“, каде деновиве ќе почнат градежните активности, со што тие ќе добијат целосно нови фасади.

- Висината на вкупните средства за оваа намена изнесува речиси 60 милиони денари за вкупно 19 училишта кои ќе добијат енергетско ефикасни фасади, санација на покриви, надворешна столарија, подови, електрика и греење. Дел од училиштата почнуваат и со адаптација на тоалети за лицата со посебни потреби. Овие средства ги обезбедивме со пренамена на средствата од криминалниот проект за рефасадирање на нашиот град „Скопје 2014“, рече Шилегов.

Додаде дека поставувањето енергетски ефикасни фасади во сите средни училишта подразбира огромни заштеди на енергија, со тоа и значително пониски трошоци, а штедењето на енергијата директно влијае на намалувањето на загадувањето. рп/сд/14:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...