• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода ќе добие нова термоенергетска фасада

Училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода ќе добие нова термоенергетска фасада

Скопје, 17 август 2018 (МИА) - ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од оваа учебна година ќе добие нова, термоенергетска фасада. Во тек се градежните зафати овозможени преку соработката на Општина Кисела Вода и Цементарница Усје АД Скопје, соопшти општинската прес-служба.

Градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски, изврши увид во активностите во училишниот објект кои ќе им овозможат на учениците позатоплени училници и попријатна работна атмосфера во текот на зимскиот период.

Кисела Вода

 

Согласно договореното преку Секторот за локален економски развој, се работи на поставување на фасаден систем со изолација, изработка и монтажа на нови олуци, поставување на прозорски опшивки и окапници, чистење на столаријата и браваријата...

Темелковски со дирекорот на училиштето разговараше и за другите потреби што ги имаат учениците во овој објект и какви се можностите да се помогне во надминување на проблемите, се наведува во соопштението.

Увидот во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ е првиот од серијата проверки на состојбата во основните училишта која се одвива периодов. До почетокот на новата учебна година ќе бидат посетени сите училишта од овој дел од градот со цел, онаму каде е потребно, а општината има можност, финасиски да се интервенира. нд/сд/15:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...