Одбележани 77 години од формирањето на Првиот скопски партизански одред

Одбележани 77 години од формирањето на Првиот скопски партизански одред

Скопје, 22 август 2018 (МИА) - По повод одбележувањето на 77- годишнината од формирањето на Првиот скопски партизански одред, делегација на Град Скопје предводена од претседателката на Советот Љубица Јанчева и советниците Анжелика Апчевска и Александар Трајановски денеска положи цвеќе. 

Како што соопшти Град Скопје, пред спомен-обележјето на Првиот скопски партизански одред цвеќе положиле и делегации од општина Карпош, од Сојузот на борци на Македонија (СБМ) на општина Карпош и Град Скопје, како и здруженија на граѓани и организации.

По завршувањето на церемонијата Јанчева изјавила дека Првиот скопски партизански одред е значаен настан од нашата историја и значаен датум од историјата на нашето Скопје. Во партизанските редови на одредот биле четириесет и дваjца партизани, од кои седумнаесет го загубиле животот во текот на војната, а дел од нив, Александар Урдаревски, Раде Јовчевски-Корчагин и Боро Петрушевски, се прогласени за народни херои.

- Првиот скопски партизански одред претставува никулец на НОВ во Македонија на кој се надоврзаа Прилепскиот партизански одред, Кумановскиот, Вториот скопски, Велешкиот, Битолскиот.... бригадите, баталјонот Мирче Ацев - првата регуларна воена единица, дивизиите, корпусите... до денешната армија, по сите стандарди подготвена за полноправно членство во НАТО алијансата, изјавила Јанчева. мд/скс/15:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...