• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Најмладите Карпошани ја одбележаа втората вечер од Карпошовото културно лето

Најмладите Карпошани ја одбележаа втората вечер од Карпошовото културно лето

Скопје, 26 август 2018 (МИА) - Пред платото во ТЦ Лептокарија синоќа се одржа втората вечер од Карпошовото културно лето која беше наменета за најмладите.

Како што соопшти прес-службата на општината, ѕвезди на вечерта беа најмладите карпошани кои со своите насмевки и енергија се забавуваа на перформансот на Петко 5+, додека актеротот Сашко Коцев одржа стендап шоу.

Во музичкиот дел настапија Гуру Харе и пријателите: Игор Џамбазов, Дани, Тања Тас, Дамир Имери - клавијатура и Трајче Велков - труба.

Вечерва е последниот ден од Карпошовото културно лето и граѓаните ќе може да уживаат во тематска - етно вечер со фолклорно студио ЕТНОС, Чалгија Саунд систем и Бени Шаќири & Златко Ориѓански. нд/08:43

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ