• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Аеродром прва општина со ИСО стандард

Аеродром прва општина со ИСО стандард

Скопје, 27 август 2018 (МИА) - Општина Аеродром успешно ги имплементираше новите барања и целосно ја спроведе транзицијата од стандардот ISO 9001:2009 во стандардот ISO 9001:2015, со што станува првата општина во Македонија општина во државата која воведе ИСО стандард.

- Тоа во практичното работење значи строго почитување на законите и актите на локалната самоуправа, поголема одговорност и отчет пред граѓаните и активно вклучување на администрацијата во унапредувањето на Општината, се вели во денешното соопштение од општината.

Имплементирањето на ISO стандардот во работењето на Општина Аеродром, посочуваат оттаму, овозможи идентификување и навремено реализирање на потребите и очекувањата на граѓаните, како и ефикасни јавни услуги за потребите на јавниот и приватниот сектор. сст/са/11:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ