Два пожара во Скопје, повредени нема

Два пожара во Скопје, повредени нема

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Два пожара избувнале во изминатото деноноќие во Скопје. Повредени нема, причинета е само материјална штета. 

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, во Долно Лисиче на улицата „12“ бр. 3 бил запален помошен објект и причинета е материјална штета од околу 120 илјади денари. Интервенирано е со пет пожарникари и две возила. 

Вториот пожар бил на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ број 80 во Чаир, каде била запалена гаража и помошен објект. Во гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарникари со четири возила од 20:50 до 22:25 часот. мд/бак/08:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ